Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја обвини опозицијата дека е тотален непознавач на животната средина и дека се обидува да извлекува политички поени од загадениот воздух. Тој во емисијата „Детектор“ објасни дека  податоците од мерните станици покажуваат дека оваа година имаме помалку загадени денови од претходните, а тоа е производ на мерките кои што ги презема и градската управа но и централната власт, тврди градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за Детектор.


„Има работи кои што се прават кои што можеби не личат атрактивно во даден момент, јавноста можеби и не ги перцепира така“ – вели Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.