Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, поточно дека денеска заклучно со 12 часот се пристигнати биле околу 200 барања.

Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат, се наведува во соопштението.

Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, скопјани имаа можност да набават електро тротинети, кои градот ги субвенционираше во висина од 30% од нивната вредност, но не повеќе од 7.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.