Се сеќавате на директорот на Корчагин и како соа тој си се паркираше под сенка во тревник и некој го сликаше и го стави на Ѕидот на сообраќајниот срам?!

Викендов работеа со механизација и оп… од денес директорот ќе има обезбедено место под сенка. Да не се секирате. Сега директорот Драган Арсовски има кај да паркира и нема да паркира веќе во тревник. Се надевам дека паркинг местото не е дивоградба и има дозвола од Град Скопје и општина Центар – пишува на Ѕидот на сообраќајниот срам, каде се објавени и фотографии од „паркингот на директорот“.

Местото што директорот го пикирал како најдобро за својот автомобил, а кое беше тевник под дрвја, убава ладовина, веќе не е тревник. Сега е бетон за директорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.