Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата – 1 април, во Скопје Зоо, ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12 часот.

Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени.

Влезот за маскенбалот е 50 денари, односно редовна цена на влезница во Зоолошка градина Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.