Дрвјата на Плоштад Македонија кои беа отстранети за литургијата на папата Франциско, денеска повторно беа засадени. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило” со специјалната машина за пресадување прво ископаа дупка, а потоа во неа ги засадија двете дрвја.

Екипите на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ во пресрет на посетата на Папата Франциско на Скопје пресадија две дрвја на Плоштад „Македонија“.

Двете суви дрвја на плоштадот беа заменети со две здрави дрвја од друга локација на плоштадот, а на нивните места, денеска беа засадени нови две дрвја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.