По повод Светскиот ден на шегата денеска од 12:30 во Зоолошка градина Скопје ќе се одржи Првоаприлски маскенбал.

На бината за настани во Скопје ЗОО, ќе настапат талентирани млади музичари, а посетителите ќе имаат можност да се дружат и со слончето Халки.
За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.
Се гледаме во Скопје ЗОО!, порачаа од Зоолошка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.