На Водно некој поставува замки за животни во непосредна близина на патеките по кои се рекреираат граѓаните кои сакаат да избегаат од скопското загадување.

На фотографиите испратени до редакцијата на „Република“ се гледа како лисица е фатена на замката направена од сајла врзана за околните дрвца.

Притоа, вознемирените граѓани, кои на прошетка биле со своето четиригодишно дете, велат дека во околината забележале уште најмалку една таква замка, која, за среќа, била празна без уловено животно.

Како што посочуваат, замките се добро маскирани меѓу лисјата и гранките и тешко се забележуваат што може да доведе до сериозна повреда доколку некој се движи со своето куче или пак, не дај Боже, повреда на некое дете, но и невнимателен возрасен.

По ваквата појава се поставува прашање дали замките ги поставува некој ловокрадец за да улови лисици, или пак, станува збор за некоја многу лоша садистичка шега, но тоа што е јасно е дека надлежните треба сериозно да го рагледаат случајот и да реагираат пред да има некој трагичен несреќен случај.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.