Во проектот за воспоставување Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука – GREENOVET вклучени се 14 партнери од Македонија, Австрија, Финска и Португалија. Носител во Македонија е Машинскиот факултет Скопје, со цел да се поттикне развојот на стручното образование во областа на зелените иновации.

Денес вештините за зелен град, беа промовирани како придобивки од стручното образование кои се во функција на зачувување на животната средина и надминување на предизвиците, кои е важно да се поттикнуваат особено кај младите од средните стручни училишта. Се дискутираше за важноста од зголемувањето на свесноста за придобивките од еко активностите и потребата да се влијае позитивно кај младите за тие да можат да дадат придонес кон зачувување на животната средина.

Градот Скопје работи на повеќе проекти кои придонесуваат за зачувувањето на животната средина, а најголем е секако проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на урбаните отпадни води во Скопје, кој е најголем еколошки капитален проект во регионот. Со реализацијата на овој проект ќе се прочистат 90 проценти од урбаните отпадни води во Скопје. За првпат во Македонија се работи на воведување на систем за рециклирање и реупотреба на градежниот отпад, се зголемуваат зелените јавни површини во сите општини во Скопје, се работи на поставување на соларни панели на институциите под наша надлежност со цел искористување на обновливите извори на енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.