Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на раскрсницата кај „Мавровка“ или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку раскрсници во центарот на градот, со што може да дојде до целосна блокада на сообраќајот во главниот град.

Претставници од приватните превозници велат дека денеска ќе имаат координативен состанок за понатамошно дејствување, по што ќе ги објават деталите за нивното натамошно дејствивање.

Според „Макекспрес“ и „Слобода превоз“, ЈСП и Град Скопје им должат околу 1,5 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.