Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

 

 

Во периодот од 7.30 до 13.00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре“ бр. 8, Општина Кисела Вода, а од 8.10 до 15.30 часот корисниците од улиците „Жан Жорес“, „Ордан Поп Јорданов“, „Маџари“, „Петре Филиповски Гарката“, извод за автопат за улично осветлување, Општина Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.