Прекин во водоснабдувањето денеска од 8.20 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Благоја Стевковски”, „Карл Либнехт” и „Темко Попов”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Благоја Стевковски“ бб во населба Маџари.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.