Денеска со почеток од 10:30 часот, во паркот на „Есенинова“ во Кисела Вода се организира предновогодишна забава најмладите жители на општината. Покрај театарската претстава и концертот со песни од детскиот фестивал „Поточиња“, главниот настан е пристигнувањето на Дедо Мраз со балон.

Драги мајки и татковци, баби и дедовци, најдраги дечиња, оваа сабота Дедо Мраз со балон ни доаѓа од Лапонија и ќе подели пакетчиња на СИТЕ! Ве поканувам сите заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и сите заедно да го пречекаме Дедо Мраз, да ја испратиме старата и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во новата што ни доаѓа, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.