Потагата по 28-годишниот Давид Илиев е завршена. За среќа, Давид е пронајден и блиските се заблагодаруваат за ангажманот во потрагата на Давид.

Полицијата попладнево го пронајде 28-годишниот Давид, за кој татко му Зоран Илиев, познат како Зоран Роџер тврдеше дека е исчезнат од изутринава. Како што дознаваме, тој бил пронајден во скопско Катланово, каде бил со пријател.

Од полицијата велат дека и претходно имало пријави дека момчето го напуштило домот и заминало во непознат правец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.