Во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје, под покровителство на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.

На оваа средба, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2018-2022, 2019-2022 и првенци на генеација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта ќе им врачи специјални признанија и парична награда.

Програмата ќе се одржи во четврток, на 16 јуни 2022 година, со почеток во 19:00 часот на Лeтната сцена „Школка“ во Градскиот парк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.