Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓани од општина Центар. Во разговор со граѓаните, Арсовска истакна дека центарот на градот во изминатите 4 години стагнира, наместо да гледаме раст и модернизација. Според нејзе, центарот на градот е ликот на еден град за секој турист, ликот на градот за секој добронамерник што доаѓа да не посети, а центарот на Скопје сега наликува на бетонско здание, без зеленило, без содржина, без душа.

Како претседател на Сојузот на стопански комори имаме комуникација со странски компании кои сакаат да помогнат центарот на градот да биде пример за поврзување и комуникација. Додека некој зборува како да изгледа смарт сити, веќе ја имаме визијата и донацијата за истото. Јас не сум човек што многу зборува, повеќе сакам мојата работа да покаже што можам. Секој што работел со мене и бил во комуникација со мене знае дека моите ветувања се исполнети до крај. Јас не ветувам, јас работам. Не е лесно да се бранат интересите на 24 илјади мали и средни компании во Македонија, но јас ги бранам успешно со години. Не е лесно да извоите битка со Владата, но јас таа битка ја водам со години и со оваа и со претходната Влада. Бидејќи за добар менаџер нема проблем кој не може да се реши, а секој предизвик е одење напред со идеите”, додава Арсовска.

Таа во разговорот со центарци, потенцираше дека со нејзината посветеност, знаење и стручна надграденост, заедно со граѓаните ќе го врати вистинскиот сјај на Скопје, бидејќи, како што вели Арсовска, „Скопје му недостига на скопјани. Скопје средено, уредено”.

Скопјани не бараат многу, бараат да имаат град со којшто ќе се гордеат. Скопјани бараат град што ќе биде пример како треба да изгледа една современа и модерна метропола. Скопјани се уморни од решенија кои се убави визуелни на презентации, а во реалност ги нема. Тоа е нашата реалност сега, живееме во виртуелен свет на ветувања коишто не се остварени. Или ќе стоиме на страна или ќе се спротивставиме и ќе почнеме заедно да ги менуваме работите. За Скопје на сите скопјани”, заклучи таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.