Разрешен е Златко Перински, директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопшти Град Скопје.

Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомневања на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 9 септември, соопшти кабинетот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.