Градоначланилничката на Скопје, Данела Арсовска, јавно побара објаснување од МВР зошто, без никаква најава, беа исклучени голем број семафори во градот со што се предизвика невиден сообраќаен хаос по улиците.

Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови – реагира Арсовска.

Исклулчувањето на семафорите од страна на МВР предизвика редици автомобили да го затнат центарот на градот во критичните часови кога граѓаните си заминуваа од работа. Тоа предизвика огромен застој и стоење во место од Карпош до Драчево, при што не беше можно да се пропуштат ниту возила на Брза помош, кои со пациенти беа приморани да стојат заглавени во гужвата.

Од ЈП „Улици и патишта“, кое е надлежно за работата и одржувањето на крстосниците, за „сдк.мк“ информираа дека Министерството за внатрешни работи без никаква најава ги исклучило семафорите и дека немаат информација за што станува збор ниту, пак, кога повторно ќе проработат.

Информацијата од МВР, пак, е дека семафорите биле исклучени и на секоја крстосница имало сообраќајна полиција за да се воведе поголема проточност на возилата во сообраќајот и дека поради дождот имало зголемен број возила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.