Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов одвоил половина милион евра за одржување на фонтаните, кои подолг период ги нема пуштено.

„Петре Шилегов граѓаните го прогласија за градоначалник кој досега најмалку сработел, а како тргнало ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл.

По плаќањето на адвокати со астрономски суми од касата на ЈП Водовод и канализација, градот одвои над половина милион евра за одржување на фонтаните кои подолг период не ги има пуштено.

Имено неколку фонтани во центарот на Скопје оваа сезона останаа не пуштени, а градот  распиша тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра.

Петре Шилегов преку ЈП Водовод и канализација на  сметка на фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје ќе префрли 580.000 евра за одржување и набавка на резервни делови, кои властите тврдеа дека се украдени.

Власта тврдеше дека од фонтаните се украдени делови од 60.000 евра,  но сега сумата која се наплаќа за одржување и резервни делови е десеткратно поголема. Колкава е вистинската штета која е причинета и дали штетата е само изговор да се реализира милионски бизнис?

Шилегов мора да одговори колку го чини градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати? Дополнително дали зад кражбата стоеше бизнис интерес за склучување на над половина милионски договор за одржување на фонтаните?

Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка? Дали буџетот на скопјани наместо за креирање на нови добра се користи за полнење на  сметки на фирми и поединци блиски до СДСМ?“, прашува Сергеј Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.