На 24 декември минатата година Александар Наумоски склучил договор за услуги за зимско одржување на улици и патишта на територија на општина Ѓорче Петров, во вредност од 6.366.000 денари или над 100.000 евра, според кој механизација треба да биде присутна и излезена на терен веднаш штом ќе почне да паѓа снег објави на прес-конференција Ленче Нелоска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров.

Нелоска вели дека фирмата што го добила тендерот добива месечен надомест во текот на целата година без разлика дали има снег или нема снег, а доколку има снежни наноси и излезе на терен, добива исплата по работен час.

За овие пари сите улици во општината требаше да бидат светнатни, ама дали овие пари завршуваат каде што се наменети или во некој џеб можете и сами да процените. Додека граѓаните мака мачат со снежните врнежи и тешкото непроодно движење, Наумоски несериозно си игра со функција што ја има. Откако во текот на вчерашниот ден со своите постапки и мобилната екипа за рачно фрлање на сол уште еднаш ја направи општината Ѓорче Петров место за потсмев, Наумоски направил уште една криминална работа со која се прослави во својот мандат. Граѓаните на Ѓорче Петров се соочуваат со подмрзнати улици и големи снежни наноси, а фирмата која што е ангажирана постои само на страниците на овој лукративен договор потпишан од Наумоски. Ова е изгледа уште еден бонбона бизнис на власта, односно договор спроведен по заевиот принцип ‘’евро за тебе – евро за мене’’, обвини Нелоска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.