Црвениот крст на Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции ќе даде придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија.

Од името на Црвениот крст на Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани. Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување, посочуваат од Црвениот крст.

Изразуваат благодарност до Црвен крст на Бугарија кој уште во раните утринските часови ја понуди својата поддршка и заедничка работа во правец на намалување на болката и тагата на повредените и семејствата на настраданите.

Нашата Организација ги става во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, материјална и финансиска поддршка. Во оваа смисла Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување финансиска помош за настраданите семејства како последица од настасаната катастрофа, наведуваат од Црвен крст.

– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.

– Донации со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

– За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS; BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE; BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA; BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11; SWIFT CODE: KOBSMK2X; IBAN CODE: MK07300701000001228.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.