Социјалдемократскиот сојуз синоќа во салата Борис Трајковски планираа да оддржат голем граѓански собир. Но, судејќи по достапните фотографии, на СДСМ му се случи катастрофален дебакл додека свое обраќање имаше претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој не успеа да собере ниту 1000 луѓе на тој како што велат тие „голем обединувачки граѓански собир“.

На истиот граѓански собир на СДСМ, говор држеше и Мирко Попов, кој повика на обединување и даде целосна негова поддршка за Петре Шилегов како градоначалник на Скопје.

Истиот Мирко Попов во емисија еден на еден јавно,пред камери кажа вака:
„Доколку ја имам апсолутната власт ќе ги запалам сите цркви под мото никогаш да не се повтори“

Во продолжение може да ја слушнете неговата скандалозна изјава од 07:40 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.