Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката.

Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.

Минатата недела амбулантски се прегледани 30 пациенти. Вчера и денеска четворица пациенти се амбулантски прегледани, наведуваат од Клиниката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.