Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух.

Арсовска потенцираше дека за сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински ефект.

Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она што го гледаме сега, а што е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа што е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт. Ние не можеме да спречиме влез на возила, односно да ги пренасочуваме возилата. Ние не можеме голем дел од работите, што се внатре во препораките, да ги направиме, тоа е обврска на централната власт и таа треба тоа да го направи, треба да ја преземе конечно одговорноста за тоа што е носител на власт – изјави градоначалничката Арсовска.

Таа се осврна на дел од мерките кои градскиот инспекторат ќе го спроведува во наредниот период, како што се засилените активности на терен на комуналните инспектори, како и вонредните инспекции на индустриските капацитети чија контрола е во надлежност на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.