По долгогодишните барање и петиции до локалните власти, жителите на улицата Максим Горки во центарот на Скопје ќе добијат резидентен паркинг.

Од Општина Центар информираат дека Советот на Општина Центар го усвоил Заклучокот и ги задолжил општинските служби и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ да постапат по барањата на жителите и за решавање на нивните проблеми со комерцијалното паркиралиште во овој реон.

Како што информираат од Центар, поради долгогодишниот проблем со кои се соочуваат овие жители, комерцијалното паркирање ќе биде заменето со резидентен паркинг, а ќе се почне постапка и за воведување на резидентно паркирање на улиците Ленинова и Радњанска.

Сепак, останува нејасно како ќе се воведе паркирање наменето само за жителите на оваа и неколкуте други улички во околината, ако се има во предвид дека паркирањето на улицата Максим Горки е во надлежност на „Градски паркинг“, а не на ЈП ПОЦ.

Паркирањето за граѓаните кои не се жители на оваа улица, која е во зона А06 чини 100 денари за час, за секој нареден 50 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.