За првпат во историјата, еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот. Седум градови од пет држави во петок на 28 февруари во 18:00 ќе излезат заедно на улица во знак на солидарност во борбата против зафаден воздух

Скопје, Приштина, Призрен, Подгорица, Сарајево, Белград и Бања Лука, градови кои еднакво се погодени од загадувањето, сега се наши браќа и сестри во оваа кауза. Време е да се обединиме заедно, како народ од сите држави, против одлуки и политики кои дозволуваат загадување на нашиот воздух, нашите деца и нашата иднина. За смогот граници не постојат, истото важи и за нас, се вели во најавата на протестот. 

Маршот за чист воздух почнува во петок во 18:00 пред Министерство за животна средина во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.