Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош, со кои разговараше за реализираното во изминатиот период , но и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните.

Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните – рече Царовска.

Потпретседателката истакна, дека изминатиот период се реализираа проекти и процеси кои се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.

Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинка со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари. Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, но и го реконструиравме постојниот објект за што инвестиравме вкупно 17, 6 милиони денари. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца – рече Царовска.

Дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, но и сите, 10 улилишта се обезбедени со сензорни соби, а од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти, за првпат вработени преку Буџетот на МОН. Царовска посочи дека не изостанува и грижата за младите и за студентите. Со 157,2 милиони денари, е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев.

И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина“, обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош – рече Царовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.