Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на градот Скопје за 2021 година, со која се предвидува продолжување со изградбата на булеварот Борис Трајковски до Драчево. Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе се продолжи булеварското решение на потег од влезот во населбата Пинтија до Драчево, во должина од над 2 километри. На овој потег оваа сообраќајница ќе се реконструира и прошири и ќе прерасне во модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски-ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура.

Со изградбата на оваа фаза од булеварот Борис Трајковски, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници со сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на градот.

Овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезбедно и полесно да патуваат, а голем бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел на градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.