Над сто новогодишни пакетчиња им беа поделени на децата кои се лекуваат во Детската болница – Козле. Пакетчињата се донација од бугарското Министерство за надворешни работи.

По тој повод во посета на болницата беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов.

На иницијатива на бугарската амбасада поделивме пакетчиња за децата кои се лекуваат во болницата. Сакавме да ги израдуваме овие дечиња. Планираме да поделиме пакетчиња и на децата од социјално загрозените семејства на територија на општина Карпош, истакна Богоев.

Амбасадорот Ангелов рече дека пакетчињата се донација од бугарското Министерство за надворешни работи.

Сметаме дека децата се иднината на општеството и треба да бидат вклучени во сите дејности. Иако се болни, тие треба да се чувствуваат инкорпорирани во нормалниот живот. Ако Дедо Мраз прави чуда и барем на едно дете му помогне значи сме ја завршиле работата, додаде Ангелов.

Директорот на Детската болница – Козле, Ангелчо Андоновски се заблагодари на сите кои сакаат да помогнат на децата. – Градоначалникот на општина Карпош и бугарскиот амбасадор со своите добри намери им изнудија насмевка на дечињата, додаде Андоновски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.