Членот на заедничката историска Комисија меѓу Бугарија и Македонија Кирил Топалов ја дефинираше како фатална грешка неподготвеноста на Бугарската православна црква (БПЦ) да биде „мајка-црква“ на МПЦ.

Тој ова го соопшти во интервју на ТВ „Бугарија он ер“ („Bulgaria on Air“), јави дописникот на МИА од Софија.

-Знам дека црковните експерти ќе го оспорат моето мислење бидејќи одвојувањето на Бугарската црква од Вселенската патријаршија беше исто така антиканонско и ние бевме во раскол. Сепак, Бугарската црква тогаш се оддели и стана наша национална црква. Ако тогаш не го стореше тоа, Бугарија денес немаше да има независна црква, рече Топалов.

Барањето на МПЦ, БПЦ да биде нејзината „мајка-црква“ беше значајно, коментира професорот Топалов.

-Немаше позначајно барање од тоа, смета професорот Топалов. Не можевме, како што рече, да сонуваме за такво нешто.

Според него, БПЦ слуша и други центри „што и велат, што и шепотат и што и порачуваат“.- И руски и српски, но пред се руски, додаде тој.

-Ова ќе биде непоправлив грев на Бугарската православна црква бидејќи духовното приближување меѓу Бугарија и Македонија на овој начин би бил предуслов во оваа насока, рече Топалов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.