Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеци бил вработен во Централен регистар на определено време, дознава „А1он“. Двајцата живеат во иста куќа, во скопската населба Даме Груев.

Градоначалникот Наумоски тврди дека немал никаков влијание за неговиот братучед да биде вработен, а запрашан на која работна позиција е поставен, тој вели:

Не знам. Не сме се виделе одамна, поради обврските.

Претходно, во периодот 2004-2005 година и градоначалникот Александар Наумоски работеше во Централниот регистар.

Не сум имал никако влијание. Како можам јас да влијаам? Тој е дипломиран, а таа е професионална установа каде треба квалификации. Тој има 7-8 години искуство. Централен регистар е професионална установа каде се потребни квалифакации, вели Александар Наумоски за „А1он“.

Повеќе на „А1он“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.