Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки.

Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата… речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“… (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)!

На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања… на нејзината сцена.

Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади.

Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот – организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк.
Пред некое време,ме израдува информацијата дека оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво, со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?!
Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта, вели Маровиќ за Вистина.ком.мк.
Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам… не уривајте ја Универзална сала“, вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски концерт во „Универзална сала“!

извор: Вистина.ком. мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.