Веќе еден месец жителите на општина Карпош гневни поради неостварените ветувања од страна на актурелниот градоначалник Стефан Богоев.

Неодамна граѓаните на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа огромниот смет кој ја грди населбата.

Еве каква е сликата кај Психијатриската болница Бардовци.

Расфрлано ѓубре и отпад и лоша миризба од истото. Наместо слободно да се движат по тротоар, жителите се приморани да го заобиколуваат отпадот кој е на сите страни.

Неколку пати за помош се обраќале и до општината Карпош со која раководи градоначалникот Стефан Богоев, но од таму добиле одговор дека тоа е приватна сопственост и не е под нивна надлежност.

Жителите реагираат дека тоа е јавна површина, за која сметка мора да води општината.

Како ова да не е доволно, граѓаните секојдневно се жалат и за неажурнста на градоначалникот Стефан Богоев за работи кои се од големо значење за жителите кои живееат во оваа општина.

Коментарите под фотографиите се негативни и го прашуваат Богоев дали ќе дојде „животот“ кој го ветуваше.

Општина Карпош ажурна, овие работи се повеќе од 6 месеци вака. Островче кај Влајко, фонтана и дупка кај Стара телевизија, се само дел од коментарите преку кои граѓаните ги потсетуваат надлежните за нивната работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.