Во потрага на политички поени и пред започнување на локални избори градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ќе реконструира улица која е реконструирана пред неколку години од страна на претходниот градоначалник Андреј Жерновски.

Денес по порталите се појави вест дека Општина Центар за десет дена ќе почне со реконструкција на улицата „Орце Николов“, со што конечно ќе се ослободат тротоарите од возила, и ќе има место за движење на пешаци и велосипедисти. Со реконструкцијата покрај промена на асфалтот ќе биде изведен кружен тек на крстосницата со улицата „Аминта Трети“ поранешна „Ленинова“. Ќе се воведе паралелно паркирање на ниво на улицата со џебови за паркирање. Коловозната лента ќе се намали на 6 метри, а за сметка на намалувањето ќе се изведат велосипедски патеки во должина од 2.400 метри и пешачки патеки од 2.200 метри.

Според сегашното решение, на улицата има 180 паркинг места, а со новото ќе се намалат на 80. Со тоа на улицата ќе биде воведено резиденцијално паркирање односно ќе можат да се паркираат само жителите на Дебар Маало. Со тоа сакаме да ги дестимулираме граѓаните да користат автомобили, а ќе создадеме услови за пешаци и велосипедисти. Реконструкцијата ќе чини 70 милиони денари – рече денес градоначалникот Саша Богдановиќ.

А, истата улица „Орце Николов“ пред неколку години претходниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски свечено ја пушти во употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.