По информациите кои излегоа во јавност дека новото училиште „Киро Глигоров“ во населба Капиштец нема потпис за технички прием и дека училиштето е издадено на приватно училиште „Република“ побара одговор од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој изјави дека училиштето ќе работи согласно сите законски процедури.

Основното училиште работи согласно програмата на Министерството за образование и согласно насоките и во неговото функционирање нема никакви приватни училишта. Направен е технички прием и од МОН и од надзорните служби и истото е пишано во катастар, изјави за „Република“ градоначаникот Богдановиќ.

Новото основно училиште „Киро Глигоров“ чини 5,5 милиони евра. Во него ќе се образуваат околу 250 од прво до петто одделение.Училишната зграда се протега на површина од 12.100 квадратни метри и дворна површина од 4.100 квадратни метри. Се состои од приземје, 2 ката и подземен паркинг со капацитет од 104 возила. Има 21 училница со акустика на простор, 7 специјализирани кабинети за предметна настава, спортска сала и сала за гимнастика, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал. Во училиштето се очекува да работат 16 наставници по одделенска настава, наставник по физичко и наставник по англиски јазик. Ова е прво новоизградено училиште од 1969 година во скопската Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.