Јас пробав да ги сменам тие Детални урбанистички планови, дел сум ги и сменил, одлуката на Уставен суд еднаш не сум ја испочитувал, сум донел втора одлука, јас против цела држава не можам сам да се борам, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во неделното интервју на РСЕ.

-Јас само сакам да ги запознам граѓаните дека без разлика што и да се случи, таму (кај Холидеј Ин) е предвидено некој развој кој го дозволува Општината и претходно со Детален урбанистички план, а и доколку дојде до одредени промени, повторно ќе има некој развој, дали во деловен или станбен простор, зависи како ќе заврши на крај планот. Ние до пред извесно време, пред одлуката на Уставен суд, односно решението за поништување на нашата одлука за неспроведување на Детални урбанистички планови, имавме начин како да не се постапува по тие Детални урбанистички планови. Но, за жал, Уставниот суд ни ја укинаа таа одлука и сега сме во една фаза каде што се дозволува на сопствениците на земјиштето да поднесуваат барања за одобрение, а ние се обидуваме со одредени мерки да исправиме тоа што може да се исправи, така што сè зависи од исходот на тие постапки коишто ќе се водат, вели Богадановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.