Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар, информира дека екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрвја при реконструкција на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“.

Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите“, објави Богдановиќ.

Градоначалникот најавува дека отстранетите дрва наесен ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор.

Во меѓувреме граѓани реагираат дека дрвата биле израснати и зрели, како и дека Богдановиќ пред реконструкцијата ветил дека ниту едно дрво нема да се исече.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.