Во гостувањето на Клик Плус вечерва, советничка во општина Центар, Јана Белчева Андреева посочи дека краток е рокот да се најде решение за спорниот проект кај Холидеј Ин.

„Ние во моментов, треба Општина Центар да постапи чесно, транспарентно и да застане зад волјата на граѓаните. Најлошото што го слушаме е немоќта на институцијата – општина Центар. Напротв, мислам дека треба да размислиме што понатаму. Целта ни е да има правичност, неселктивност, транспарентност и да се заштити интересот на граѓаните. Општина Центар не смее да биде условена со платените комуналии, да го стави последниот потпис. Барајки вина меѓутоа или критики на институциите, нема да направиме ништо. Сега времето ни е кратко и градоначалникот има рок од 2 недели да стави потпис, или да ги врати парите“, истакна Белчевска Андреева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.