Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало во Општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради уличниот дефект ф-80 милиметри на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ 15.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.