Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат дел од  корисниците од улиците „Чаирска“ и „Отокар Кершовани“ и факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, односно Економскиот факултет и Ректоратот.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-175 мм на улица „Крсте Мисирков“ бр. 9.

Од 9 часот денеска без вода ќе бидат и дел од жителите на улиците „Георги Димитров“ и „14 Декември“ во општина Кисела Вода. Прекинот е поради уличен дефект на улицата „Георги Димитров“ 66.

Поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 16, прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот ќе имаат и корисниците од населбата Маџир Маало.

Водоснабдувањето во сите три реони ќе биде прекинато се до санирање на дефектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.