Исчкртани ѕидови затече новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кабинетот кој го презеде од ексградоначалникот Александар Наумоски од СДСМ, пренесува „Скопје 1“. На ѕидот зад градоначалничкото столче, со пенкала и моливи е испишано „Клинички центар во Ѓорче“. На местото, имало и фотографија која е отстранета, за да може да се пишува на местото.

Александар Наумоски при предавањето кажа дека тоа е негов ракопис, откако Стојкоски изреагира што е со чкртаници на ѕидот. Неофицијално, според информации на „Скопје1“ кои ги доби од вработените, тој бил испишан во текот на оваа недела, откако Наумоски ги изгуби изборите.

Повеќе на „Скопје 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.