Општина Аеродром не е рекордер по чистиот воздух, ниту пак по сообраќајниот ред, но затоа е рекордер по изградените згради и бетонот кој полека, но сигурно го окупира секое слободно место во Аеродром, обвинува Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, анализата покажува дека за само 10 месеци во 2020 година градоначалникот #ЗлаткоМарин одобрил изградба на 1155 станови или повеќе од 63.168 м2 нов станбен простор.

Ова значи дека во Аеродром, наместо урбанизирање, се случува бетонизирање на површина од околу 7 нови професионални фудбалски терени.
Во Аеродром ќе се гради колку во 4 општини заедно, Центар, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров или скоро половина од новите станови во цело Скопје се градат само во #ОпштинаАеродром.
Новите згради за жителите на Аеродром значат бетон, а за општината и Марин свежи пари, но главното прашање е што се изгради од страна на општината со бетонизирањето на Аеродром?-прашува Перински на Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.