На вчерашната седница на Советот на Град Скопје беше донесена одлука за бесплатен јавен превоз и бесплатен паркинг за лицата со попреченост во Градот Скопје.

Со овие мерки, кои што беа едногласно изгласани од страна на сите советници во Советот, меѓу кои и советниците на Левица, им се овозможува на лицата со попреченост бесплатно да го користат јавниот превоз во Скопје, како и повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои што стопанисува ЈП Градски паркинг. Иако ова е само еден мал чекор, сепак е од огромно значење во остварувањето на поголеми права на лицата со попреченост, велат од Левица.

Советниците на Левица, додаваат од партијата, и понатаму ќе се залагаат, ќе подржуваат и секако ќе предлагаат и други мерки кои што ќе овозможат поголема инклузија на лицата со попреченост во јавниот и општествениот живот и мерки кои што ќе им ги олеснат секојдневните предизвици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.