Кога ќе видите дека околу вас парадираат добро спакувани импровизатори, тогаш во даден момент чувствувате дека сте се прецениле, односно сте се потценилеи решавате да направите чекор кон нешто подобро, вели музичарот Бени Шакири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП.

Тој рече дека ќе понуди малку различен пристап во водење на градот и вниманието кон граѓаните, а актурелниот градоначалник смета дека е лицемерен.

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг – појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник – во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.