Во скопската зоолошка градина се роди бебе лемур.

Радост во Скопје ЗОО – имаме бебе лемур. Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2.200-2.400 лемури. Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот – објавија од зоолошка градина на Фејсбук.

Како што велат оттаму, минатата година, по подолго време, се родило едно лемурче во зоолошката во Москва и тоа било сензација со месеци низ цела Русија.

Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид. Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар – се пофалија од ЗОО Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.