Базенот што беше пренамент во сала за бокс во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ повторно стана базен, соопштија од спортскиот центар.

Базенот е долг 12 метри, широк 8 метри, длабок 75 сантиметри. Ќе биде наменет за рекреативци, како и за деца кои сакаат да научат да пливаат.

Од СЦ „Борис Трајковски“ велат дека комплетно се реновирани тоалетите и туш кабините кои сега работат на сензор.

Од денеска го прошируваме капацитетот на најдобриот пливачки базен кај нас. Девет години базенот беше пренаменет во сала за бокс и беше крајно нерентабилен. Исто така просторот беше несоодветен за изведување на тренинзи од таков тип. Овој нов базен и двата кои веќе функционираат големиот и малиот имаат беспрекорно чиста вода која се одржува со најсовремена технологија, вели директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Александар Петровски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.