Во Бардовци е изведена нова водоводна линија во должина од околу 1000 метри. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најавуваат дека ќе продолжи инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализациската мрежа.

Од јавното претпријатие информираат дека континуирано работат на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализациската мрежа во градот Скопје, со цел, како што велат, задоволување на потребите на корисниците.

Изградбата и поврзувањето на новата водоводна линија во должина од околу 1.000 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 110мм и 90мм во Бардовци е дел од активностите кои се предвидени со инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната мрежа за корисниците во град Скопје – вели генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски, во пишана изјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.