Бараката на поранешното „Матично“, каде судбоносното „ДА“ го кажале генерации скопјани, ќе прерасне во едукативно-креативен младински дом на извидниците. Ова го најави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на „Четвртиот граѓански форум“.

Со средства добиени како донација од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, општина Центар ќе го реновира објектот и тој ќе се користи како младински центар, изјавил Богдановиќ за Вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.