ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциска да истражи дали има судир на интереси кога зетот на секретарот на Град Скопје Викторија Аврамовска Мадиќ добива милионски тендери од градот. Аврамовска Мадиќ е функционер во органот кој што одлучува, а добитник на тендер е нејзиниот зет преку неговата фирма.

Откако е Шилегов градоначалник, а Викторија Аврамовска Мадиќ секретар на Град Скопје, „Армор плус“ добила тендери во висина од 10 милиони денари од градот, ова немаше да биде спорно, доколку газдата на „Армор плус“ која нижела милиони на тендери од градот, не беше зет за сестра на секретарот на градот Аврамовска Мадиќ. Аврамовска Мадиќ има функција и моќ во градот и претпријатијата под градот, таа е функционер и може да влијае врз работењето, и со тоа се фрла сериозен сомнеж врз добивањето на тендерите на „Армор плус“ од град Скопје.

Злоупотребите мора да престанат. Не смее да има ниту најмал сомнеж дека институциите се користат во бизнис цели на функционерите. Случајот да се истражи.

Или Аврамовска Мадиќ требало да си замине од функцијата или „Армор плус“ на нејзиниот зет да не учествува на тендери во институцијата каде што таа е функционер. Кривична одговорност и оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.