Демонстрантите ја прескокнаа оградата дојдоа очи во очи со полицијата. Замотана во македонско знаме девојка се доближи и го бакна полицискиот штит. Пораката што ја испратија до припадниците на МВР кои го обезбедуваат објектот на Владата е да ги спуштат штитовите, бидејќи како што порачаа демонстрантите тие не треба да се плашат и треба да се заедно со граѓаните кои се присутни на протестот против прифаќањето на францускиот предлог.

-Заедно сме, не се плашете. Сакаме заедно со вас да ја спасиме државата, им порачаа демонстрантите на полицајците.

Македонија секогаш била тука за вас, бидете и вие тука за Македонија и за вашите браќа и сестри Македонци. Многу е тешко да се зборува кога сме онемени од бес , од немоќ и од болка. Она што мене ме натера да зборувам е цитатот од Гоце Делчев од пред 120 години каде тој вели: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание, оној кој мисли дека поинаку ќе се ослободи од Македонија се лаже и себе и другите. Ова е ослободувањето на Македонија, вие сте ослободувањето на Македонија, Македонија е жива, Македонија ќе опстои, истакна Дарија Андоновска, професорка на Факултетот за музичка уметност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.