ЈСП Скопје информира дека од денеска, понеделник (9.08.2021 година), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“.

Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5
*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса
*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160
*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А
*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса
*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.